Data Loading...

Алманах - V1 одделение Flipbook PDF

Алманах - V1 одделение


122 Views
109 Downloads
FLIP PDF 1.48MB

DOWNLOAD FLIP

REPORT DMCA

АЛМАНАХ Пчелките од V-1 2021

Пчелките од V-1

Виолета Ѓошева

Учителката Виолета итра е и смела, секој нејзин час го држи со страст.

Анка Чоневска

Учителката Анка од трето одделение е кај нас и добро знае секој каков е на час.

Берк Ѓунеш

Берк постојано се смееше и на се и сешто коментари делеше.

Максим Здравковски

Максим З. беше мирен на час и баш никогаш не му се слушаше глас.

Бојана Змејковска Кога од последната клупа шушкање се слуша смело, тоа Бојана стапила на дело. Штом некој не знае да бекне тука е таа скришум да му шепне.

Максим Илиевски

Максим И. риби сака, и со нив си нема мака.

Огнен Илиевски

Огнен е мирен во клас и вреден на секој час.

Дарис Катовиќ

За Дарис часовите почнуваат во 8:18, дека тогаш станува од кревет.

Арис Ковацис

Ако некој рече „незнам јас“ тоа е Арис, бараше спас. Со учењето имаше мака, „Фортнајт“ да игра многу сака.

Лука Кољевиќ

Лука со хармоника свиреше и целиот клас го веселеше.

Јован Крстевски

Јован е најтивок во целиот клас, само кога одговара му се слуша глас.

Панче Крстевски

Панче често за автомобили дави, но мал е по години и возачка му фали.

Христијан Макаровски

Христијан беше шема в час и од ниту еден наставник немаше страв.

Нина Новаковска

Нина со косата експерименти прави, сега размислува што на неа да стави.

Кетрина Петковска

За претседателката наша насмеана, лошо не смее да се рече, оваа година мандатот ќе и истече.

Матеј Петрески

Нашиот Матеј за ништо не се нервира и за одговарање сам термин си бира.

Мина Потуровиќ

Во школо Мина слабо среќа ја грее и само на одмори таа се смее.

Ивана Радичева

Ивана шеги сакаше да кажува и на нив немаше некој што не се насмеа.

Ена Рахиќ

Ена авионот за Германија го фати поздрави од таму праќа, но не знаме кога таа се враќа.

Кајра Шаќировиќ

Додека Кајра на телефон „ало“ ти рече, ако вариш млеко сигурна ќе ти претече.